Кон средината на март двата родители на Сергеј Четковиќ го загубија животот после борбата со корона вирусот.
-Драги мои, поминаа 40 дена од изненадното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да тече понатаму. Ви благодарам на сите на утешните зборови, сочувството и молитвите со кои бевте покрај нас. Бескрајно благодарен, ваш Сергеј, порачал пејачот во емотивната објава на Фејсбук.
Родителите на Сергеј, Драгица и Слободан починаа во рок од една недела еден по друг.
Извор: Курир.рс
Преведено: М.П.Насковска