Кумановската полиција приведе двајца Пакистанци кои со остар предмет повредиле други две лица, исто така од Пакистан, пред девет дена во близина на поштата во липковско Ваксинце, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.А.К. (26) и Р.М. (22) и двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека на 14-ти април годинава во близина на поштата во село Ваксинце со остар и тврд предмет им нанеле тешки телесни повреди на М.А.(18) и М.А.(22), исто така од Пакистан.
Против лицата А.А.К и Р.М. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МИА