ГЕРБ на Бојко Борисов го врати мандатот за формирање влада – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/21 9:15 AM

ГЕРБ на Бојко Борисов го врати мандатот за формирање влада

Бугарскиот премиер во оставка и прв човек на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, изутринава соопшти дека неговата коалиција ГЕРБ-СДС ќе го врати мандататот за формирање влада во рацете на претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Бојко Борисов во друштво на кандидатот за премиер, Даниел Митов, претседателката на парламентарната група, Десислава Атанасова и Јорданка Фандаков, градоначалничка на Софија, соопшти дека Извршниот комитет одлучил да биде вратен мандатот.

“Информирајте го претседателот дека ова е одлука на Извршниот комитет. Одете, вратете се и работете во парламентот. Бугарите се мудар народ и затоа не не оставија да работиме сами“, вели Бојко Борисов во видеото.

Според бугарскиот устав, сега претседателот Радев мандатот ќе треба да го додели на партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов која е втора политичка сила во парламентот по бројот на пратеници.

Извор: Novini.bg