Ковид 19 го уништи наталитетот во светот – новите бројки се вознемирувачки – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 9:03 PM

Ковид 19 го уништи наталитетот во светот – новите бројки се вознемирувачки

Пандемијата од коронавирус влијаеше на пад на наталитетот во светот, покажала студијата на австрискиот демограф Томас Соботка.

Студијата на Томас, демограф од Академијата за наука во Австрија покажува деkа ниту во една земја во светот, која е опфатена со истражувањето – 15 членки од ЕУ, Швајцарија, САД, Русија, Јужна Кореја, Тајван, Норвешка и Украина – девет месеци после почетокот на пандемијата не дошло до зголемување на наталитетот.

Видлив е и јасен пад на наталитетот, кој во Шпанија, на пример, изнесува 20 отсто. Најголем пад на наталитетот е забележан во државите во кои првиот бран од пандемијата предизвика висока стапка на заразени и голем број на смртни случаи, како што се Шанија и Италија. Во Италија наталитетот паднал за осум отсто.

Упадлива е ситуацијата во Унгарија, каде што дошло до раст на бројот на родени деца до деветтиот месец после почетокот на пандемијата, а во ноември бројот стагнирал, па во декември паднал за осум отсто, во јануари за 10 проценти, наведено е во студијата.

Во Австрија наталитетот паднал за 5,5 отсто, што одговара на просеччниот тренд кај сите анализирани држави. Во Данска, Финска и Норвешка наталитетот останал стабилен, пренесува Танјуг. Соботка оценува дека причината за падот на наталитетот треба да се бара во економските, но и здравствените фактори, бидејќи жените стравуваат да останат бремени во време на пандемија.

Соботка сета дека пандемијата од Ковид 19 ќе има последици и откако ќе помине.

Извор: Espreso.co.rs

Преведено: М.П.Насковска