Во поскратена варијанта, селекторот и ракометар на македонската репрезентација, Кире Лазаров, денес го објави списокот за претстојните квалификациони натпревари на селекцијата на Македонија против Финска и Швајцарија.
На списокот се најдоа имињата на 21 ракометар, додека пак повик за ракометарите на Еурофарм Пелистер, Дејан Кукуловски, Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски, засега не е пристигнат.
Лазаров во натпреварите за пласман на Еуро 2022 ќе оди со проверен состав и без поголеми изненадувања.
Сениорите во среда на 28 април ќе гостуваат во Рихимаки, Финска, а на втори мај во недела ќе ги угостат Швајцарците во СЦ „Јане Сандански“. Мечот со Швајцарија ќе биде воедно и последниот пред потврдување на местото за Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година.
Давор Јосифовски