(ФОТО) Келн се збогуваше со Хенес Осми: Живата маскота јарец засекогаш го напушти својот клуб – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/21 1:12 PM

(ФОТО) Келн се збогуваше со Хенес Осми: Живата маскота јарец засекогаш го напушти својот клуб

Четиринаесетгодишниот јарец, жива маскота на фудбалскиот клуб Келн, по цели 11 години на стадионот „RheinEnergieStadion“ за жал ја напушти функцијата засекогаш.

Јарецот кој во периодот од 2008 до 2019 година претставуваше симбол за навивачите на бундеслигашот, поради здравствени причини мораше да биде успиен. До самиот почеток на пандемијата на коронавирусот, јарецот Хенес Осми беше присутен на секој натпревар на домашен терен, донесувајќи им среќа на локалните момци.

 

-Ќе ни недостасуваш, Хенес Осми. Нашиот најсакан јарец, кој беше маскота на Келн од 2008 до 2019 година, мораше да биде успиен поради здравствени потешкотии. Тој имаше 14 години. Почивај во мир, Хенес, напишаа на својот „Твитер“ профил од германскиот клуб.

 

 

 

Фото:

Twitter / @fckoeln_en