Педесет и девет годишен маж од село Ораовица, кој во моментов живее во светиниколското село Ерџелија преку социјалните мрежи намамувал малолетнички на обљуба. По наредба од Основниот суд во Свети Николе, како и преземените мерки и активности од Полицијата, бил извршен претрес во куќата кеде што престојувал во селото Ерџелија , при што му е одземен неговиот мобилен телефон. Осомничениот е приведен.
„На 21.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Б.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко, со престојувалиште во с. Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјалните мрежи намамувал малолетничка на обљуба. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот“, информираат од СВР Штип.
По целосно документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
фото-foter.com
В.Кр