Во Нигерија 81 дете починаа поради неухранетост – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/21 3:50 PM

Во Нигерија 81 дете починаа поради неухранетост

Во нигериската сојузна држава Насарава 81 дете починаа поради неухранетост, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Координаторката на Одделот за исхрана во Насарава, Хаџија Халима Јусуф, соопшти дека и покрај напорите извршени во последните години во насока на исхраната и доењето на децата, 5.000 деца во оваа сојузна држава се соочуваат со неухранетост.

Јусуф информира дека 2.000 деца се хоспитализирани во различни болници во овој регион. Според неа, 81 дете починале поради неухранетост.

Како што рече Јусуф, продолжува кампањата започната во соработка на Владата и Меѓународниот комитет на црвениот крст (ICRC) во рамки на борбата против неухратеноста во земјата.

Во Нигерија, како резултат на нападите на Боко Харам, околу 35 милиони деца се соочуваат со неухранетост.