Прашајте што сакате, јас сум подготвен да зборувам. Вака поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен ја отвори денешната прес-конференција во пресрет на лигашкиот дуел против екипата на Астон Вила. Гвардиола, чиј матичен клуб ќе партиципира во Европската Супер Лига, отворено и без влакна на јазикот говореше за новиот концепт и натпреварување кое би можело да стартува уште оваа година во август.
Спортот не е спорт доколку победите и поразите не се важни, тоа е суштината и Каталонецот останува доследен до неа.
-Не знам која е причината што овие посебни тимови се избрани. Спортот не е спорт кога не постои релација помеѓу напорот, трудот и успехот и кога трудот на крајот не се исплатува. Доколку не е важно дали ќе загубиш, тоа не е спорт. Фан сум на најдобрите натпревараувања, но не е фер ако еден тим се бори постојано и се избори за своето место, а не може да добие шанса поради некои екипи кои веќе резервирале место во потенцијалното натпреварување, изјави Гвардиола.
🗣 “The sport is not a sport when the relation between the effort and the success, the effort and the reward don’t exist, it’s not a sport. It’s not a sport if it doesn’t matter if you lose.”
Pep Guardiola speaks about the idea of the ‘European Super League’ pic.twitter.com/SDNIKaC3ih
— Football Daily (@footballdaily) April 20, 2021
Во меѓувреме, Премиер Лигата заедно со Фудбалската федерација на Англија излегоа со соопштение во кое едногласно го одбиваат натпреварувањето под назив Супер Лига, а тоа е ставот на сите преостанати 14 екипи во најдобрата светска клупска лига.
-На состанокот помеѓу 14 екипи донесена е едногласно одлука за одбивање на плановите за тоа натпреварување. Премиер Лигата ги зема предвид сите потребни инструменти за превенирање на развој на идејата. Лигата ќе продолжи да соработува со Владата, ФИФА, УЕФА, ФА, ПФА и ЛМА со цел да ги заштити интересите на играта, стои во соопштението.
Последните информации од „Островот“ велат дека капитенот на актуелниот англиски првак, Џордан Хендерсон, ги повикал на состанок сите капитени од екипите во Премиер Лигата да дискутираат за новонастанатата ситуација во фудбалска Европа и тектонските пореметувања во најпопуларниот спорт на планетата.
Фото:
bavarianfootballworks.com
д.ј