На вакцинација дошла со венчален фустан, откако короновирусот и ја уништи венчавката – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/21 3:03 PM

На вакцинација дошла со венчален фустан, откако короновирусот и ја уништи венчавката

Сара Стедли од Мериленд мораше да ја откаже својата венчавка поради пандемијата на короновирусот, а бидејќи свадбените веселби пропаднаа, таа решила  својата венчаница да ја носи на  вакцинацијата.

Сара и нејзиниот сопруг се свршиле во 2019 година. Тие се подготвувале да се венчаат во текот на минатата година, планирајќи својата радост да ја поделат со околу 100 гости на свадбата, пренесува „РТС“.

Сара е само една од  невестите чии планови за венчавки се променија поради пандемијата . Двојката одржала мала церемонија со осум гости и ја откажале прославата по повод стапувањето во брак, пренесе „Сан“.

Со цел ситуацијата да ја подигне на повисоко ново,  Сара решила, фустанот што и бил планиран за венчавката  да го носи на вакцинацијата.

Поводот беше малку помалку свечен, но за неа сепак важен –  да прими вакцина против ковид. Што се однесува до локацијата, тоа не беше свечена сала, туку фудбалскиот стадион во Балтимор, Мериленд.

-„За мене вакцинацијата беше прослава. Имаше толку многу лоши моменти за време на пандемијата, толку многу работи беа откажани, па овој фустан, ако ништо друго, претставува надеж – изјави Сара Стедли.


blic.rs