Обединетите Арапски Емирати веќе ги имаат првите комплетни резултати од ефектите на вакцината на кинески Синофарм од која следната недела Македонија очекува да пристигнат 200.000 дози.
Емиратите учествуваа во третата фаза на тестирање на вакцината и од неодамна почнаа да ја произведуваат вакцината на Синофарм на своето тло.
Со оглед на тоа дека од Кина стигнуваат малку информации, податоците кои доаѓаат од Абу Даби се повеќе од значајни за процесот на имунизација, а резултатите се многу охрабрувачки.
Научниците во најкратки црти заклучиле дека кинеската вакцина Синофарм после две недели од примањето на втората доза има повеќе од 90% ефикасност во спречувањето на хоспитализацијата во случај на зараза, 95% во спречување на болниот кој е вакциниран да избегне интензивна нега, а 100% ги спречува смртните исходи.
Како што научниците открија, истражувањето покажало и значаен пад на бројот на заболувања од Ковид-19 меѓу луѓето кои ја добиле втората доза, а оние кои сепак се заразиле имале многу благи симптоми и во најголемиот број на случаи не им требала хоспитализација.
„Вакцинацијата ги намали за 93% случаите на хоспитализавија, за 95% случаите на интензивна нега, а не е забележан ниту еден случај кај вакцинираните после две недели од втората доза“, соопштија научниците од емирати, а пренесе National News.
Лекарите таму велат дека имунитетот не е загарантиран после прележаната болест, дека ризикот од заразување расте со појавата на новите мутации и дека инфекцијата подоцна може да доведе до долгорочни здравствени компликации.
„Вакцината на Синофарм нуди имунитет од најмалку шест месеци, но се неопходни нови истражувања по ова прашање“.
Подолго од месец дена ОАЕ бележат секојдневно околу 2.000 заразени, но тие секој ден тестираат повеќе од 200.000 лица и имаат помалку од еден процент на новозаразени.
Извор: Mondo.rs