Потребни состојки за тесто:
100 гр. Шеќер
6 лаж. џем од кајсии
по 1 шолја сецкани ореви, урми и суво грозје
½ литар топла вода
сок и рендана кора од портокал
500 гр. Брашно
пола лажичка прашок за пециво
кора од лимон
лажичка сода бикарбона
пола лажичка цимет
За украсување:
3 лаж. џем од кајсија
3 лаж. мелени ореви
Во длабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво, шеќерот, оревите, урмите, сувото грозје, рендана кора од лимон и портокал, сода бикарбона, цимет и џем од кајсии кој претходно сте го разредиле со неколку лажици топла вда.
Се добро измешајте, додадете док од портокал и остатокот од водата, ставете го тестото во округол калап врз хартија за печење, израмнете со лажица и печете во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути.
Колачот извадете го од рерна, премачкајте со џем и печете уште 5-10 минути.
Изладениот колач исечете го на парчиња, наросете мелени ореви и сервирајте со кафе или топло какао.
Извор и фото: Posnajela.rs