Младиот Иле полека заздравува, целосна поддршка за проблемот со вработувањата на семејствотото на Верица, вети Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/21 6:57 PM

Младиот Иле полека заздравува, целосна поддршка за проблемот со вработувањата на семејствотото на Верица, вети Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, а нејзиното семејство ги донираше органите и досега се спасени три животи.

-Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име на Владата и мое лично име им ветив дека ќе добијат целосна поддршка за решавање на проблемот со вработувањата кои ги имаат и уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест, напиша вечерва Филипче на Фејсбук.

Органодарителството, како што напиша министерот за здравство, е највисок чин на хуманост, драго ми е што се повеќе граѓаните стануваат свесни за неговата важност.

Министерот Филипче денеска го посети и младиот Иле, кој неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија.

-Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради. Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство, напиша Филипче на Фејсбук.

МИА