Двајца штипјани биле фатени додека краделе од градежен објект на на улицата„ Борис Крајгер“.
Полициските службеници ги одзеле украдените предмети и ги вратиле на сопственикот на објектот.
„На 18.04.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект. Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице,“ информираат од Полицијата.
По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.