Дали ќе продолжат рестриктивните мерки, ќе се одлучува утре – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 8:36 PM

Дали ќе продолжат рестриктивните мерки, ќе се одлучува утре

Утре ќе биде познато дали ќе продолжи полициски час и дали објектите ќе останат затворени. Членовите на комисијата треба да ја дадат препораката, но Владата ќе го има последниот збор.

Во вторник завршува важноста на двонеделните рестриктивни мерки но не е исклучена можноста тие да продолжат уште една недела, односно до 27 април.

Според Министерството за здравство, попушта притисокот врз болниците, што е клучно во донесувањето на одлуката.