ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди кворум само за 36-тата седница – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 12:44 PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди кворум само за 36-тата седница

На прес конференција во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ иформираше дека пратениците ќе бидат во Собранието но нема да присуствуваат на 32-та седница, туку кворум ќе обезбедат само на 36-тата седница.

„Владејачкото мнозинство работи на штета на граѓаните и економијата.Петтиот пакет трпи поради тврдоглавоста на власта.Овој пакет ќе беше изгласан уште во четвртокот, да не беше инаетот на Власта а сега компаниите и граѓаните ќе ги имаа обезбедено средствата.Пратениците ан ВМРО-ДПМНЕ денес се во собранието и ќе обезбедат кворум на 36 седница за гласање на петтиот пакет на мерки за помош на стопанството, а нема да присуствува на 32-та Седница,“ рече Мицевски.