Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 10:56 AM

Затворен угостителски објект во Тетово, приведена сопственичката

Лишена е од слобода  сопственичка на угостителски објект во Тетово, а објектот е времено затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат. И покрај забраната за работа на угостителските објекти, тој бил отворен и во него инспекторите затекнале и гости.

„На 17.04.2021 во 13,10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода,“ информираат од Полицијата.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.