Иран го погодија два силни земјотреси, едниот од 5,9 степени – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/21 10:48 AM

Иран го погодија два силни земјотреси, едниот од 5,9 степени

Jугозападниот дел на Иран долж Персискиот залив , беше погоден денес со силен земјотрес. Земјотресот бил со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала. Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани штети.

Иранската државна телевизија објави дека веднаш по првиот земјотрес со јачина од 5,9 степени, следувал и втор со јачина од 4,5 степени во длабочина од 10 километри.
Земјотресите со јачина над 5 степени предизвикуваат сериозна штета. Епицентарот на земјотресот бил во градот Рига и е на сто километри оддалечност од иранската нуклеарна централа Бушер.

Болниците соопштија дека примиле две повредени лица.

Електричната и телефонската врска во тој дел биле прекинати, а луѓето излегле  на улиците во страв од нови земјотреси.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер во провинцијата Керман во 2003 година уби 31.000 луѓе и го уништи античкиот град Бам.

hr.n1info.com

фото-Izvor: EMSC