Докторите и’ се поклонија на девојката чие срце го трансплантираа во телото на 22-годишно момче – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/21 10:27 AM

Докторите и’ се поклонија на девојката чие срце го трансплантираа во телото на 22-годишно момче

Докторите и’ се поклонија на девојката која почина во сообраќајна несреќа, а чие срце беше трансплантирано во телото на дваесет и двегодишно момче.

Историската фотографија од поклонот ја објави министерот, Филипче кој напиша дека младиот живот на девојката трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот.

Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост – додава Филипче во објавата.