Уште едно изненадување во Монте Карло: Надал испадна од Рубљев во четвртфиналето – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/21 9:36 PM

Уште едно изненадување во Монте Карло: Надал испадна од Рубљев во четвртфиналето

По вчерашниот шокирачки резултат во Монте Карло и испаѓањето на Ѓоковиќ од британскиот тенисер Дејвис, во Франција денес се случи уште едно огромно изненадување.

Некрунисаниот крал на „земјата“ Рафаел Надал, загуби од Русинот, Андреј Рубљев, во четвртфиналето од 1000 Мастерсот во Кнежеството Монако. Со 2:1 во сетови (6:2, 4:6, 6:2) по два ипол часа активна игра, рускиот тенисер го порази ефективно еден од најголемите играчи во светот и закажа полуфинале Каспер Руд.

Шпанецот, како и неговиот ривал, рекетот број еден вчера, играше непрепознатливо, а навидум тесната сетовска борба воопшто не кореспондираше со ситуацијата на терен и играта на двајцата тенисери.

Единствениот момент во кој Надал личеше на оној стариот беше забележан во вториот сет, каде што Надал од 4:2 за Рубљев, успеа да се врати во игра со четири освоени гемови по ред и да изедначи.

Во вториот двобој на турнирот во Монте Карло, рекетите ќе ги вкрстат Ден Еванс и Стефанос Циципас.

 

Фото:

Twitter / @atptour