Дали би се осудиле да го облечете ова? – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 1:27 PM

Дали би се осудиле да го облечете ова?

Џенифер Лопез неодамна на Бахамите го прослави својот 49-ти роденден, но сè што е убаво кратко трае, па така и латино дивата поради обврските морала да се врти во Њујорк.

Во градот во кој „никој не спие“, американската актерка и пејачка со потекло од Порторико, фотографирана е во „жешко“ летно издание. Имено, Џеј Ло предизвикала вистинско модно поместување, кога на улиците во Њујорк се појавила во бела машка кошула и високи трапер чизми.

Истиот стајлинг го обожува и младата пејачка Ариана Гранде (25), но предимензионалните чизми кои неодамна ги носела Ријана (30), многумина се согласија дека е невозможно да се надминат.

 

 

 

https://www.instagram.com/p/BhmfiJiDsC8/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

 

 

Преземено од: tocka