Водата од јавна чешма Стојанчева, кривопалнечко, небезбедна за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 12:47 PM

Водата од јавна чешма Стојанчева, кривопалнечко, небезбедна за пиење

 Според извештајот на Центар за јавно здравје Куманово, водата од јавната чешмакаптажа во кривопаланечкото село Дурачка Река, наречена „Стојанчева чешма“ не е безбедна за пиење. Чешмата се наоѓа покрај самиот локален пат.

– Во  наодот по извршените лабораториски испитувања од Центарот за јавно здравје Куманово се наведува дека во водата е зголемен бројот на аеробни бактерии во еден милилитар, неверојатен број на колиформни бактерии во 100 милилитри и присуство на ешерихија коли бактерија – индикатор на фекално загадување на водата, информираат до локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Оттаму согласно препораките на Центар за јавно здравје, ги информираат граѓаните и месното население за ваквата состојба со водата од јавната чешма, со препорака истата да не ја користат за пиење и производство на храна.

Општината треба да постапи по препораките од извештајот, да се изврши редовна дезинфекција и кондиционирање на водата за да може истата да се користи за пиење.

 

Извор:МИА