На семафорот преостануваат уште 30, 20, 10, или 1,8 секунди до крајот на мечот? Нема никаков проблем. Тука е Лука Дончиќ, тука е идната ѕвезда број еден во НБА лигата, без никаква претенциозност и субјективност поврзана со балканското поднебје.
На 1,8 секунди до истекот на регуларното време и при резултат 113:111 за Мемфис Гризлис, словенечкиот репрезентативец ја прими топката свртен со грб, се насочи кон противничкиот кош и со една рака во полу-пад со звукот на сирената постигна кош за три поени и му обезбеди победа на Далас Маверикс.
LUKA!!! MAGIC!! GAME OVER!!!!!!!!! pic.twitter.com/l8jSn6TVPP
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) April 15, 2021
Победата на екипата на Рик Карлај има дотолку повеќе значење, бидејќи Гризлис и Маверикс се борат за последните позиции кои водат во плеј-офот, а со овој триумф Далас се искачи на седмата позиција во Западната конференција.
Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид мечот го заврши со 29 поени, девет асистенции и пет скокови, додека пак во чекор го следеа Ален од противничкиот табор со 23 постигнати поени и Порзингис со 21 поен.
Неверојатниот шут на играчот кој „лека полека“ станува „клач“ во најдобрата светска клупска лига, бразилскиот коментатор на дуелот помеѓу Далас и Мемфис го доведе до „лудило“.
🎙️ Kako je brazilski komentator doživeo Dončićev koš 😀 pic.twitter.com/kOh0sMGNti
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) April 15, 2021
Мајсторството не познава години. Да уживаме додека трае.
Фото:
д.ј