- Уникатен дизајн: Crossland го носи новото „лице“ на брендот, премиерно претставен кај новата Opel Mokka;
- „Opel Vizor“: нов визир за нов визуелен потпис, интегриран во предната решетка и фаровите;
- За ентузијастите: спортска верзија GS Line со карактеристична комбинација на црна и црвена боја;
- Извонредна разноврсност: лизгачки задни седишта и до 1.255 литри волумен на багажникот;
- Одлична удобност: по избор со нови ергономски, AGR-сертифицирани седишта со алкантара;
- За секоја површина: сега со адаптивна контрола на влечење IntelliGrip;
- Еуро 6d: сите бензински и дизел единици ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на штетни гасови
Новиот Opel Crossland е многу повеќе од само убаво лице. Разновиднoста е таа што го издвојува. Стил кој е подготвен на сè. Од смелиот и оргинален визир до чистиот и практичен ентериер, Crossland е флексибилен SUV за секојдневно уживање, со уникатен дизајн кој привлекува погледи каде и да одите.
Овој модел носи нова димензија на чист прогресивен дизајн. Германски инжинеринг што ги задоволува сите ваши потреби. Со релаксиран, самоуверен стил и комфорнa SUV положба, тој е совршен за секој.
Свеж и компактен од надвор. Сосема природно ги интегрира предната маска и фаровите т.е. новиот визир кој се протега од едниот до другиот крај, по целата должина на предницата. Визирот оптички го проширува и мошне ефикасно ги организира предните елементи, преточувајќи го во чист и современ дизајн, оставајќи амблемот на Брендот да доминира во средишниот дел.
Одзади, затемнетите LED стоп светла го заокружуваат стилот и прегледноста и претставуваат уникатен светлосен потпис на Opel кој е во форма на крила. Тука се нагласува и сјано црна боја на задната врата, како и новиот симбол, кои го истакнуваат неговиот широк и моќен дизајн.
Внатре ќе Ве дочека практична и просторна кабина. Ќе уживате во супериорната удобност на седиштата Alcantara, интуитивно управување и подигната положба на седење типична за SUV возилата.
Новиот Opel Crossland: сега во понуда за 15.290 € со 1.2 бензински мотор, 83 КС и “EDITION” ниво на опременост!
Убаво лице, плус врвни технологии? Во компактен SUV?
За повеќе информации обратете се кај дилерската мрежа, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.