Џенифер Лопез и Алекс Родригез и официјално ја раскинаа свршувачката – ММС
ММС

Објавено на: 04/15/21 2:57 PM

Џенифер Лопез и Алекс Родригез и официјално ја раскинаа свршувачката

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (51) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45) сега официјално ја раскинаа својата свршувачка откако два пати ја откажаа венчавката поради пандемијата од корона вирус.

Џеј Ло и Алекс сега потврдија дека од сега секој си продолжува по својот пат.

Тие веста ја потврдија ексклузивно во заедничка изјава за „Today“:

-Сфативме дека сме подобри како пријатели и се радуваме што ќе останеме и понатака. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме еден со друг на нашите заеднички работи и проекти. Си посакуваме се најдобро еден на друг и нашите деца. Од почит кон нив, едни на други што мораме да си кажеме е благодариме на сите кои ни упатија убави зборови и поддршка, пишува во официјалната објава за медиумите.

Оваа вест кружеше и во март оваа година кога американските медиуми тврдеа дека ја откажале веридбата, но повеќе извори рекле дека тие двајца „никогаш официјално не раскинале“ и дека и понатаму се заедно.

Извор: Телеграф.рс