Канадскиот пратеник Вилијам Амос доживеал гаф на виртуелниот состанок на Долниот дом во канадскиот парламент кој се одржувал преку апликацијата Зум, пренесе Њујорк Пост.
Амос гол влетал во кадарот за време на онлајн состанокот не знаејќи дека му е вклучена камерата на компјутерот. Состанокот не бил отворен за јавноста и го следеле само ченовите на парламентот кои се сведоци на глетката.
Голите фотографии набрзо се прошириле на интернет, а Амос веднаш се извинил за несреќната грешка.
– Снимањето случајно беше почнато додека се пресоблекував во деловниот костум откако дојдов од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги поради оваа ненамерна грешка.
Адвокатот и политичар Вилијам Амос го застапува квартот Понтеак во Квебек од 2015 година како член на Либералната странка.
Liberal MP William Amos flashes the nation by appearing in front of the House of Commons, live, while buck naked. pic.twitter.com/8kcB2gvNV7
— Keean Bexte (@TheRealKeean) April 14, 2021
извор: 24sata.hr
фото:ctvnews.ca/