Поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Груевски почина на 46-годишна возраст, а веста ја објави неговиот клуб Престон Лајонс од Австралија.
Во својата богата кариера Гоце Груевски го бранеше голот на македонските екипи Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар, а кариерата ја заврши во Престон од Мелбурн. По завршувањето на фудбалската кариера, Груевски работеше како тренер на голманите во Престон, а ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал.
RIP Goce “Colakot” Gruevski. The former @ffmmkd national team & @prestonlionsfc ex-goalkeeper & current goalkeeper coach sadly passed away last night. Gone too soon. Our condolences to his family. Bog da go prosti. 1974-2021😢 pic.twitter.com/snf6Bkgn0O
— Preston Lions (Makedonia) Nostalgia & Fan Account. (@Preston_Lions) April 15, 2021
извор и фото: ФК Престон