Не е сцена од полуфинале во Копа Либертадорес, или пак од дербито помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт. Сцена е од Европа, од „колевката на фудбалот“.
Клупскиот автобус на Реал Мадрид е нападнат од засега непознати сторители на патот кон „Енфилд Роуд“, пренесоа шпанските медиуми. Според „Cadena Sport“ кон автобусот е испалена ракета и е скршен прозорецот на автобусот, но подоцна останатите медиуми објавија дека се работи за напад со камен или друг тврд предмет.
😳 Pues así está la previa del #LiverpoolReal Madrid #UCL El autobús del Real Madrid, destrozado en su llegada a Anfield pic.twitter.com/VsxN8Aoj5v
— MARCA (@marca) April 14, 2021
Сомнежите одат во насока на навивачите на Ливерпул, чиј тим вечерва од 21:00 пред празни трибини ќе се соочи со Реал Мадрид во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. Екипата на Јурген Клоп во првиот дуел на „Алфредо Ди Стефано“ загуби со 3:1.
Нешто слично се случи во 2018 година кога автобусот на Манчестер Сити беше нападнат исто така на патот кон стадионот на Ливерпул во пресрет на првиот дуел од 1/4 финалето помеѓу двата англиски претставници.
Како и дали ќе реагира УЕФА, ќе видиме во следните денови.
д.ј