Денес во Србија во институтот „Торлак“ и официјално започна производството на руската вакцинa „Спутник V“, стоеше во објавата на „Твитер“ профилот на вакцината произведена од истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ).
Како што наведува РДИФ, Србија е првата земја во јужна Европа која ја произведува вакцината, додека пак производството на истата ги задоволува сите стандарди и услови. Од таму додаваат дека вакцината подоцна ќе може да се произведува и во други држави.
Руската вакција „Спутник V“ е регистрирана во 60 земји ширум светот со вкупна популација од три милијарди луѓе и ефикасноста од неа изнесува 91,6 отсто, како што потврдуваат податоците објавени во „The Lancet“, едно од најдобрите и настарите медицински весници во светот, велат од РДИФ.
BREAKING: #Serbia starts #SputnikV production!
RDIF & Institute of Virology, Vaccines and Sera “Torlak” join forces to bring more Sputnik V vaccines to the world!
— Sputnik V (@sputnikvaccine) April 14, 2021
-Во рамките на договорот кој е постигнат помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и институтот „Торлак“, во Србија за краток рок успешно е стартувано производството на вакцината „Спутник V“. Србија е првата европска земја која започна со производство на руската вакција. Од почетокот на годината „Спутник V“ активно се користи за вакцинирање на населението, а обемот на вакцинација може да биде значително зголемен благодарение на локалното производство, изјави директорот на Рускиот фонд, Кирил Димитријев.
Вакцинацијата со руската вакција во Србија започна на шести јануари оваа година.