Американската здравствена агенција повика итно да се стопира вакцинирањето со вакцините на производител Џонсон и Џонсон откако шест лица во САД по примањето на дозата добиле ретка нуспојава до крвни згрутчувања две недели откако биле вакцинирани, пренесе Њујорк Тајмс.
Тоа е единствената вакцина засега на пазарот која се прима во една доза.
Сите шест вакцинирани се жени помеѓу 18 и 48 години. Една од нив починала, а една од нив се наоѓа во критична здравствена состојба во болница.
Во САД досега со оваа вакцина се вакцинирани седум милиони луѓе, а околу девет милиони дози се пласирани надвор од САД.
Иако овие шест случаи значат еден критичен случај на појава на тромб на милион вакцинирани, Американскиот центар за превенција на болеста повикува на внимателност и на привремен прекин на вакцинирањетото со вакцината Џонсон и Џонсон.
Европската агенција за лекови пред неколку дена објави дека ја испитува вакцината поради извештаите за ретки случаи со тромб.
Компанијата вчера почна со испорака на вакцините во Европската унија и до крајот на јуни треба да испорача 50 до 55 милиони дози.
извор: 24sata.hr