Обвинителот Трајче Пеливанов во случајот “Трезор“ побара од Судот да им изрече притвор на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ до правосилност на пресудата.
– Имајќи ја предвид казната од осум години и дека Сашо Мијалков е исклучителен моќен човек, како и неправосилната пресудата во случајот ,,Тврдина-Таргет”, предлагаме да се одреди мерката притвор за овој предмет. Причините се дека постои можност за бегство затоа што нивните бизниси во Македонија можат да им овозможат комфорен живот во бегство, рече обвинителот Трајче Пеливанов, кој воедно предложи мерката притвор за случајот ,,Тврдина-Таргет”, да се укине.
Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Лупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.
– Одбраната е убедена дека овој предмет на Апелација ќе заврши со ослободителна пресуда. И кој тогаш ќе ја сноси одговорноста за побараниот притвор. Тезата на обвинителот е погрешна затоа што фирмите на Мијалков се причина повеќе тој да остане тука – рече Шврговски.
Орце Костов