За прв пат по повеќе денови нема починати од Ковид-19 во штипската болница – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 12:34 PM

За прв пат по повеќе денови нема починати од Ковид-19 во штипската болница

По деновите кога медицинските извештаи соопштуваа за повеќе починати пацинети од Ковид–19, денеска нема ниту еден починат, а се чини дека и минимално намалување на бројот на пацинети во амбулантата.

Ова се оптимистичките информации од Клиничката болница од Штип, каде во изминатите денови речиси секојдневно ковидот земаше по еден – два животи. Во саботата и вчера имаше по четворица починати пацинети.

Бројот на хоспитализирани пацинети е под сто, односно по 43 во модуларната болница, каде се потешките случаи и 51 на Инфективното одделение. Од вкупно 94 хоспитализирани, 55 пацинети се на кислородна поддршка, соопштуваат од Клиничката болница.