Мајка и не ја пушта Меган Маркл да оди на погреб кај принцот Филип – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/21 10:39 AM

Мајка и не ја пушта Меган Маркл да оди на погреб кај принцот Филип

Принцот Хари пристигна вчера во Лондон, каде ќе помине неколку дена со своето семејство и ќе присуствува на погребот на принцот Филип, што треба да се одржи во сабота, на 17 април.

Јавноста беше најмногу заинтересирана дали неговата сопруга Меган Меркл ќе пристигне во Велика Британија со Хари, но тоа, засега, не се случи.

Парот ја наведе бременоста на поранешната актерка како причина за нивното отсуство, но сега се појавија сосема различни информации.

Пријателите на Меган Меркл откриле за „Дејли мејл“ дека поранешната војвотка не сакала да оди на погреб, бидејќи е сигурна дека би била во центарот на вниманието, што воопшто не го сака.

Таа, исто така, наводно изјавила дека и е жал што ситуацијата е таква, бидејќи имала посебна врска со покојниот принц Филип и дека го обожавала.

-Меган вели дека нејзината главна преокупација во моментов е да го поддржува Хари. Таа остави на него да одлучи дали ќе оди на погреб или не. Меган рече дека ова се времиња кога семејството треба да се држи заедно и кога треба да се остават на страна различностие. И дека принцот Филип сигурно би сакал да биде така и дека е подготвена да простува и да оди напред“, изјави извор близок на Меган.

Пријателите на сопругата на Хари исто така открија дека Меган наводно размислувала да патува со Хари во Лондон, но нејзината мајка Дорија наводно инсистирала нејзината ќерка да не патува бидејќи е бремена.

-Дорија инсистираше Меган да остане во Америка. Исто како и Хари, таа е заштитничка и кон својата ќерка и не сака Меган да ризикува бидејќи стресот сега е последното нешто што и треба”, вели изворот.

Извор и фото: Курир.рс