Францускиот центар Винсент Поирие официјално се врати во Европа и стави потпис на тригодишен договор со Реал Мадрид.
Кралскиот клуб објави дека дваесет и седумгодишниот кошаркар ќе игра во „белиот“ дрес до крајот на сезоната 2023/24, но во тековната сезона во Евролигата нема да може да настапи за мадриѓаните. Сепак, Поирие ќе биде од огромна помош за нив во битката за титулата во шпанска „Ендеса“.
Французинот последните две сезони се обиде да направи НБА кариера во екипите на Бостон Селтикс и Филаделфија, но вкупно за двете франшизи од Истокот забележа 32 појавувања на паркетот.
Пред заминувањето во САД, Поирие играше токму во Шпанија во екипата на Басконија.
OFFICIAL: Real Madrid signs VIncent Poirierpic.twitter.com/7lBQFbEkzg
— Emiliano Carchia (@Carchia) April 12, 2021
Фото:
football24.news