Во судир на два патнички воза во близина на Маќу Пикчу повредени се десет туристи, од кои пет се потешко.
Железницата на Перу соопшти дека повредените се хоспитализирани и се истражува причината за несреќата.
Еден од патниците изјави дека едниот воз застанал на пругата бидејќи се одржувало протест. По еден час возот продолжил, но по пет минути друг воз удрил во него од задната страна.
Полицијата истражува дали протестот го организирале туристи кои не можеле да влезат во возот на локалната станица, резервирана само за жителите, кои исто така имаат и попуст на цената на билетот.
Извор:МИА