Принцот Филип детално го испланирал својот погреб, го дизајнирал дури и возилото кое ќе го однесе до вечниот дом – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/21 2:45 PM

Принцот Филип детално го испланирал својот погреб, го дизајнирал дури и возилото кое ќе го однесе до вечниот дом

Погребот на принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, ќе биде одржан на 17 април во дворецот Виндзор во присуство на семејството.

Портпаролите на Бакингемската палата открија дека церемонијата ќе се одржи во капелата Свети Џорџ после едноминутно молчење во цела земја.

Покојниот војвода од Единбург учествувал во планирањето на сопствениот погреб и самиот сакал јавноста да не биде присутна. Тој секогаш инсистирал да не се прави циркус од неговиот погреб и за тоа се договорил со кралицата.

Дејли Мејл открива дека честопати принцот Филип се шегувал на сметка на сопствениот погреб.

„Само вие турнете ме на задниот дел од ленд роверот и однесете ме во Виндзор“, повторил тој неколку пати.

Бројот на ожалостени ќе биде ограничен на 30 лица. Од палатата соопштија дека церемонијата ќе се одржи во склад со рестрикциите воведени поради пандемијата на Ковид-19, а тоа значи дека сите членови на кралското семејство вклучувајќи ја и кралицата ќе мора да носат маски.

Телото на покојниот принц ќе биде облечено во морнарска униформа, а до местото на последното почивалиште ќе го пренесе „ленд ровер“ во чие дизајнирање учествувал и самиот.

На ковчегот на принцот ќе биде положен неговиот личен грб, морнарска капа, меч и венец од цвеќе, пренесоа британските медиуми.

Портпаролот на кралското семејство потврди дека неговиот внук Хари, син на принцот Чарлс, кој се пресели во Лос Анџелес откако се одрече од кралските должности, планира да присуствува на погребот, додека на неговата сопруга Меган, која е бремена, и е советувано да не патува.

Сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип почина пред два дена на 99-годишна возраст. Откако тажната вест го заобиколи светот, пред Бакингамската палата пристигнаа луѓе кои оставаа цвеќе во знак на жалост.

 

извор: Mondo.rs

фото: Financial Times