Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета со кој во ноември прослави 74. Годишнина од брак, преживеал тешка криза во својот живот. Почина денес на 99 години, објави Бекингамската палата.
Филип имал православни корени. Роден е во вилата Мон Репос на грчкиот остров Крф, како потомок на грчкото и данско кралско семејство, како син единец и петто и последно дете на принцот Ендру и принцезата Алис. Иако сам се декларирал како Данец, тој ги негирал своите православни корени како што направил и неговиот син принцот Чарлс, кој редовно ја посетува Света Гора, во својство на приватно лице.
Многумина сметаат дека приврзаноста на Чарлс кон православието не е случајна поради Филип, односно принцот Филипос од Грција и Данска како што е роден. И двајцата се почесни членови на Англиското друштво на пријатели на Света Гора, а Чарлс е меѓу првите кои дале помош за обнова за Хиладар после големиот пожар, речиси милион евра.
Се смета дека Чарлс, како прв во редот за наследник на круната, би можел да има проблеми поради својата приврзаност кон православието, бидејќи неговиот татко морал да се откаже кога се оженил со Елизабета. Со венчавката официјално престанал да биде православен, како што пишува о кралската биографија, додавајќи дека никогаш не престанал да се крсти на православен начин. За да добие британско државјанство Филип морал да се откаже од својата титула.
Семејството на Филип побегнало од Грција кога тој бил бебе, поради што не зборувал грчки. Како што и самиот рекол во 1992 година „рабира нешто“. Неговото детство било тажно. Како што рекол Мајкл Паркер, кој бил прв приватен секретар на принцот, Филип бил осамен.
-Кога му требал неговиот татко никогаш не бил тука за него. Бракот на неговите родители е уништен. Мајка му се приклучила во религионите редови. Младиот принц од Грција го праќале од роднини до роднини и од училиште до училиште, рекол тој.
Во време кога се родил тој, бракот на неговите родители бил во тешка криза. За време на војната таткото на Филип отишол во егзил во Монте Карло, каде што живеел со својата љубовница, додека Алис со петте деца во егзил во Париз, кога Филип имал една ипол година.
На почетокот живееле во куќа на неговата тетка Марија Бонапарта, која била омажена за принцот Џорџ од Грција. Роднината на Филип бил геј – принцот Џорџ бил заљубен во својот вујко, принцот Валдемар од Данска, и тоа не го криел. Семејството немало пари, ги издржавале богатите тетки, а четирите сестри на Филип морале да бараат исто така богати сопрузи.
Кога Филип имал осум години мајка му заболела од шизофренија, а татко му одбил да ги прифати децата. Сите сестри на Филип се омажиле за Германци, а тој останал кај роднините. Со татко му не се слушал, а со години ништо не слушал ни за неговата мајка, се до еден ден кога сестрата на Филип Сесилија, нејзиниот сопруг, свекрва и двата синови доживеале авионска несреќа во 1937 година.Филип се образувал во Франција, Германија и Велика Британија, а на 18 години, 1939 година, се приклучил на британската морнарица во која за време на Втората светска војна служел во медитеранските и пацифичките флоти.За тоа време неговата мајка им помагала на Евреите и во 1993 година посмртно е прогласена за „праведник меѓу народите“. Потоа отишла во монархија, а Филип ја запознал Елизабета.
Елизабета се заљубила во Филип и почнале да разменуваат писма. Тогаш таа имала само 13 години. Седум години подоцна Филип од кралот ја побарал нејзината рака, а тој одобрил, а официјалната венчавка е одложувала додека Елизабета не наполнила 21 година. До март 1947 Филип се одрекол од своите грчки и дански титули, го присвоил презимето Маунтбатен и станал британски државјанин..
Исто така се откажал и од православната вера – Филип бил крстен во грчка православна црква – а ден пред венчавката добил низа нови титули – неговото кралско височество, војводата од Единбург, ерлд од Мерионет, барон од Гринвич…
Извор: Блиц.рс