Собирачите на топки, популарните „ballboys“ на некој начин имаат посебна привилегија, особено во овие околности кога стадионите се празни, да гледаат одблизу врвен фудбал и да навиваат за својот омилен тим иако всушност се наоѓаат на „работната позиција“.
Но, понекогаш понесени од атмосферата, разочараноста или возбудата од омилениот клуб, забораваат која е нивната функција на теренот и сакаат да земат учество во случувањата во непосредна близина.
Ајакс вчера во првиот дуел од 1/4 финалето на Европа лига, загуби на дома од италијанска Рома и ја пропушти шансата и да обезбеди поволен резултат пред реваншот во Рим.
Холандскиот шампион играше добро и таквата игра во 39-тата минута ги награди со 1:0. Дани Класен „го скрши мразот“ по асистенцијата на Душан Тадиќ во вистинско време пред истекот на првото полувреме.
Вториот дел не можеше да започне подобро за Холанѓаните. Пенал, искусниот и сигурен Тадиќ на белата точка и неуспешна полу-паненка во средината на голот која Пау Лопез лесно ја „собра“.
this ajax ballboy really is my motm i can’t get enough of this lmao pic.twitter.com/DwyUvDQNKg
— y (@hziyechfc) April 8, 2021
Рома го искористи моментот и преку Лоренцо Пелегрини во 57-та минута и Ибањез во 87-мата минута направи кам-бек и со цел плен се врати на „Олимпико“.
Сепак, не сите присутни на „Јохан Кројф Арената“ џентлменски и достоинствено го поднесоа по малку и неочекуваниот пораз. Топката на средината на теренот ја помина аут линијата, а собирачот на топки со изразена намера и поприлично нервозно ја „фрли“ резервната директно во дефанзивецот на Рома, Рикардо Калафиори.
Калафиори непосредно по завршувањето на дуелот не му забележа за потегот на младиот, можеби и во иднина фудбалер на најголемиот холандски клуб, а со оглед на возраста и останатиот фудбалски свет на крајот од денот нема претерано да го критикува неговото однесување.
За потсетување, пред осум години во дуелот помеѓу Свонси и Челзи во рамките на Лига Купот, „ballboy“-от на домашниот тим легна над топката и не му дозволи на Еден Хазард брзо да ја продолжи акцијата, по што Белгиецот „го клоцна“ момчето и заработи казна од ФА.
Фото:
fansided.com
д.ј