Јавниот превоз во Скопје викендов ќе сообраќа до 20 часот – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/21 10:25 AM

Јавниот превоз во Скопје викендов ќе сообраќа до 20 часот

Во текот на претстојниот викенд, 10 и 11 април, јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, соопштија денеска од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Режимот на јавен превоз е согласно одлуката на Влада, за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот.

Утре нема да сообраќаат градските линии 41А и 43 и приградските линии 54, 55А и 65Б.

Во недела нема да сообраќаат градските линии 41А, 42, 43 и 73 и приградските линии 54, 55а, 64 а, 65Б, 118, 167 и 180.

Сите билетарници и центри за персонализација утре ќе работат од 7 до 18.30 часот.

Во недела, центрите за персонализација нема да работат, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 18.30 часот, отворени ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи до 13 часот.

Од ЈСП Скопје информираат дека распоредот со последните термини на поаѓање на градските и приградските линии пред 20 часот, е достапен нивната веб-страница.