Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рекол дека во четвртокот претседателот Реџеп Таип Ердоган ја примил претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во склоп на „барањата и сугестиите од страна на ЕУ“ и ги отфрлил критиките дека Анкара го навредила високиот гостин од Брисел. Шефицата на Еврпската комисија Урсула фон дер Лајен не добила стол, на кој би можела да седи за време на разговорот со претседателот на Турција, за што коментира цела Европа.
Чавушоглу рекол дека турската страна и ЕУ се договориле за протоколот пред состанокот со Ердоган пред два дена.
-Распоредот за седење е направен во склоп со сугестиите од страна на ЕУ, рекол Чавушоглу на конференцијата за новинари со кувајтскиот колега Ахмад Насер Ел Моламад Ел Сабах во Анкара, пренесе агенцијата ДПА.
Како што јавува Ројтерс, фон дер Лајен била изненадена кога Чарл Мишел, претседателот на Европскиот совет седнал на единствениот на располагање стол покрај Ердоган. На снимката се гледа како првата жена на чело на Европската комисија на кратко стои и изненадено гестикулира пред да седне на каучот спроти столовите на кои седнале Мишел и Ердоган.
Извор: Нова.рс