Американскиот Национален институт за здравје соопшти дека спроведува испитување на разликите меѓу алергиските реакции од вакцините против ковид-19 направени од компаниите Модерна и Фајзер.
Резултатите од студијата која е финансирана од Националниот институт, се очекуваат летово. Во неа ќе бидат опфатени 3400 доброволци на возраст од 18 до 69 години, а околу 60 проценти од нив ќе бидат со историја на тешки алергиски реакции на храна, убоди од инсекти или имунотерапија – пренесува Ројтерс.
Целта на испитувањето е, согласно резултатите од студијата за бројот на утврдени алергиски реакции да им се овозможи помош на загрозените во рок од 90 минути по вакцинацијата – наведува новинската агенција.
Во САД по имунизацијата со вакцините на Фајзер и на Модерна забележани се неколку случаи на алергиски реакции, вклучувајќи ги и системските кои може да бидат и животозагрозувачки.
Во јануари, американскиот Центаро за контрола и превенција на болести соопшти дека се јавуваат 11,1 алергиски реакции на милион вакцинации.
Извор: b92.net