Докторот Анѓелко Ѓорчев (72) кој падна во кома после само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд, денеска почина на Клиниката во Ниш, објави СДК.
Ѓорчев беше специјалистот по пулмологија и алергологија. Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев, а зад себе има обемна и богата биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист.
Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.
Беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, Британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.