Министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со новинарите рече дека веќе неколку дена трае теренската вакцинацијата за домовиите на геријатриската и палиементивна медицина и во домовит на старите лица во Скопје и Битола.
-Огромен процент и од здравствените работници се вакцинирани, близу 90 и тоа беше дел од стратегијата заради што овие здравствени работници треба да бидат заштитени. прво да бидат затитени самите тие, а второ да ги штитат и пациентите. Ги чекаеме списоците од останатите центри за сместување на постари лица од другите градови од Куманово, од Прилеп, Берово и со оглед на динамиката таму продолжи вакцинацијата на сместените корисници, рече тој.
Министерот рече и дека денеска продолжува вакцинацијата ширум пуктовите во државата, и во А1 арената ( СЦ „Борис Трајковски“), дел од припадниците на армијата и наставничките од 1 до 3 одделени. Во врска со вакцините тој рече дека ги чека информациите од повеќе прозиводители од повеќе механизми, според најавите и остатокот на Астра Зенека од ковакс механизмот, понатаму Фајзер вакцини кој се очекуваат до крајот на месецот, како и кинеските.
-Како што ќе се трошат во А1арената, така ќе се носат вакцини. Во моментов во арената има вакцини од Спутник и според динамиката и аплицирањето тоа се две ипол илјади вакцини. Освен тоа 20 проценти од пријавените се немаат појавено за вакцинација. Тоа се околку седум ипол илајди вакцини, рече тој.
Зашрашан за тоа како е можно Србија да набавува без проблем толку вакцини, тој рече дека Србија е навистина еден специфичен пример и дека е можно затоа што тие во регионот единствени имаат преставништво на Фајзер.
На новинарско прашање дали постои опасност од запирање на имунизацијата, доколку сите се вакцинираат со првите дози, а за втората не стасаат вакцини, тој рече дека нема опасност од запирање бидејќи:
„Така е направен распоредот да се распределат сите дози таму кај што е најмногу потребно“.
тој рече и дека во сабота ќе продолжи вакцинацијата, не само во салата А1 арената, туку и во сите други пунктови, каде вакцинатцијата започна со Фајзер за здравствените работници, со Спутник и АстраЗенека за постарите граѓани таму каде што е чисто и нема никакви проблеми.
Мнистерот беше и прашан за тоа дали евентуаллно се договориле со приватните клиники за намалување на цените на услугите, или евентуално во помош на кадри.
– Вчера имав состанко со медицинските директори на трите приватни болници. Најпрво зборувавме за кадарот и веќе од утре треба да ни биде на располагање осум лекари од приватните клиники и овие колеги доктори ќе бидат на роатација низ Клиниките во Скопје. Втората тема на разговорот беа цените и иако апелирав да се намалат, бидејќи сега е криза, пандемија, доктор Жан Митрев изрази подготвеност и треба денес да потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент. Од „Систина“ јасно ми кажаа дека тоа не можат да го направат бидејќи немале економска логика, изјави министерот.
А на прашањето дали државата може да влијае врз намалувањето на цените на услугите во приватните клиники, Филипче рече дека формално правно нема никаков механизам.