Де Брујн останува „граѓанин“ до 2025 година – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/21 1:40 PM

Де Брујн останува „граѓанин“ до 2025 година

Веројатно најдобриот поединец во екипата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, го продолжи договорот со „граѓаните“ на уште две години. Белгиецот ќе го носи дресот на Сити до 2025 година и ќе се обиде конечно на „Етихад“ да го донесе долгопосакуваниот трофеј од Лигата на шампионите.

-Не можам да бидам посреќен. Откако пристигнав во Сити во 2015 година се чувствувам како дома. Ги сакам фановите, моето семејство одлично се адаптираше во Манчестер и јас ја променив мојата игра и се развив овде многу добро. Овој клуб е жеден за успех. Ми нуди многу работи и јас треба да ги максимизирам моите перформанси и затоа не се двоумев воопшто за продолжувањето на договорот. Пеп и јас на ист начин го гледаме фудбалот, врската со менаџерот е многу важна за мене бидејќи целта ни е иста и сакаме исти работи, изјави Де Брујн за клупскиот сајт на англискиот клуб.

Белгискиот репрезентативец и поранешен играч на Челзи, пред пет ипол години пристигна во Манчестер Сити од редовите на Волфсбург и оттогаш освои две премиерлигашки титули, еден трофеј во ФА Купот и четири Лига Купови.