Кога ќе се спојат два моќни вокали, како оние на светски познатата Џос Стоун и македонката Тања Царовска, се случува вистинска музичка магија.
Ваквата магија Стоун ја објави на својојт официјален Јутјуб канал, каде сподели и како се запознале со нашата Тања.
„Со пејачката, текстописец и композитор Тања Царовска се запознавме во Црна Гора. Таа е прекрасна, има текстови полни страст и убави мелодии, беше прекрасно што ја запознав. За вас ќе испееме една убава песна, за која се надевам дека ќе ви се допадне“, вели Џос во објавеното видео
Ова не е прв пат Стоун да ја слушнеме со македонска пејачка, претходно имавме можност да ја слушнеме и покрај Каролина Гочева со заеднички настап во Скопје кога ја отпејаа заеднички „Кој да ми запее“.
Средбата на Стоун и Царовска им овозможи да испејат една своја, преубава верзија на нашата изворна „Ој Јано, Јано“, па колку совршено звучи и изгледа овој прекрасен дует, можете да видите и слушнете во видеото во прилог.