Прекината свадба во Струмица со 300 гости и уште една во тетовско, кривична против неколку лица – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 4:13 PM

Прекината свадба во Струмица со 300 гости и уште една во тетовско, кривична против неколку лица

СВР Тетово поднела кривична пријава против правно лице од Тетово и едно лице од тетовското село Мала Речица за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

Како што информира Министерството, полициските службеници при контрола во хотелот констатирале дека се организира свадба со 80 гости.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости, се наведува во соопштинето на Министерството.

Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

И СВР Струмица поднела кривична пријава против три лица од струмичкото село Банско за организирање на свадбена веселба во време на пандемија, соопшти денеска МВР.

– СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.02.2021, пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби, се наведува во соопштението на Министерството.

МИА