Саудиска Арабија воведува предуслов вакцинација или прележан Ковид-19 за молитва и умра во Ќаба – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 3:53 PM

Саудиска Арабија воведува предуслов вакцинација или прележан Ковид-19 за молитва и умра во Ќаба

Администрацијата на Ријад додаде нова одлукa во борбата против епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија СПА, службено лице од Министерството за аџилак и умра (посета на светите места) соопшти дека се преземени заштитни мерки во борбата против епидемијата.

Ова официјалното лице изјави дека, во рамките на можниот капацитет во Ќаба во периодот на месецот Рамазан, само на оние што се вакцинирани или оние што прележале Ковид-19 ќе им биде дозволенa умра и да се молат.

Саудиска Арабија објави дека во месецот на постот Рамазан може да се изведуваат намаз (муслиманска молитва), петочните молитви и терави намаз (вечерна молитва што се клања за време на Рамазан) во Месџид-ал Харем во Мека и во Џамијата на Пророкот или Месџид ел-Небеви во Медина, а другите џамии во земјата ќе бидат отворени во согласност со мерките за епидемијата.

Минатата година беше објавено дека терави намазот во Хареми Шариф и Месџид ел-Небеви ќе се спроведува без верници.