Кон рекреативното место Бањиче започнаа да се прават каскадни системи, проект кој ќе спречи понатамошни ерозивни процеси во овој предел. Граѓаните го поздравија ваквиот чекор кој според нив е задоцнет. Превентивата требало да биде најважна.
Од Општина Тетово, велат недостасувале средства за реалиција на проектот за заштита на ова место од свлечишта на земјата. Добро е што конечно започнаа активности за стабилизирање на земјата.
Се работи за предел од околу 3 километри кој води кон рекреативното место Бањиче каде пред 3 години патот се реконструираше и прошири, но и се изгради нова пешачка зона, не земајќи предвид дека секоја градежна активност на овој предел и поместување на земјата може да предизвика и нејзина нестабилност.