Да се зголеми обемот на ранливата категорија потрошувачи на електрична енергија, бара Регулаторната комисија за енергетика, која нема законски ингеренции да ја определува сумата која би им ја дала државата. Надлежното регулаторно тело предлага алтернативни начини за помош на овие потрошувачи, бидејќи на терен се создава проблем, односно некои домаќинства кои сега користат субвенции од државата не се поврзани со нивното броило.
„Треба домаќинството што ја прима социјалната помош да биде поврзано со местото на потрошувачка. Во соработка со ЕВН ги проверивме броилата на две илјади граѓани кои ја користат оваа помош и кај 70 % од нив, броилата не не се водат на нивно име, туку тоа се куќи под ќирија. Верувам дека тоа ќе се надмине во следниот период. Увидовме дека повеќе не треба парите да се префрлаат кај граѓаните како пари, бидејќи не знаеме дали се користат за намената за која ги добиваат“, изјави денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.
Тој меѓу другото, предлага овие потрошувачи да добиваат ваучери кои ќе ги користат користат при плаќањето на нивните сметки за електрична енергија. Другата опција е директно од буџетот на државата да се префрлат соодветни средства на универзалниот снабдувач и за тој износ којшто ќе се добие за конкретното броило или домаќинство да се намали нивната сметка за електрична енергија.
Бислимовски смета дека најдобро ќе биде домаќинствата да се поделат врз основа на приходите.
Домаќинствата чии приходи се во рамките на минималната кошничка ќе добиваат најголема помош, па како ќе се зголемуваат приходите до точно одредена сума, оваа субвенција ќе се намалува. Постојат и категории на домаќинства кои немаат проблем да си ги покријат трошоците за електрична енергија. Тоа како иницијатива го поднесовме, разговарано е со МТСП и со Министерството за економија и очекувам овие ресорни министерства дека ќе пристапат кон конечна изработка на оваа програма, а РКЕ ќе им стои на располагање со нив да ги сподели направените анализи – објаси претседалот на Комисијата.
Според него, ниедна компанија не побарала поскапување на електричната енергија.
РКЕ определува цена за пренос и дистрибуција и на то аможе да влијае во своите одлуки. Набавката на универзалниот снабдувач не е во надлежност на РКЕ од 2019 година и цената по која ЕСМ продава на универзалниот снабдувач си ја определува самата компанија. РКЕ во овој дел нема никакво влијание по која цена ЕСМ ќе понуди на тендерот на универзалниот снабдувач. Немаме влијание врз трошокот за покривање на поризводителите на енергија од обновливи извори кои користат повластена тарифа – посочи Бислимовски во денешната изјава за медиумите.
В.М.