Се чекаат препораките од ЕМА за вакцината на „Астра Зенека“ дали ќе се ревакцинира помладите – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 11:40 AM

Се чекаат препораките од ЕМА за вакцината на „Астра Зенека“ дали ќе се ревакцинира помладите

Никогаш мерките не биле политички мотивирани, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека секогаш се воделе од заштита на јавното здравје како владин врвен приоритет.

„Точно е дека вирусот е широко распространет, а мерките кои што досега важеа дека се ефективни го гледаме тоа што навистина во многу градови веќе епидемиолошката крива се зарамнува и притисокот кон болниците конкретно овие последни два три дена во однос на она што беше до пред  една недела и во Скопје и во дел од градовите не секаде, веќе се намалува. Што значи дека и сегашните мерки  даваат соодветни резултати , но што е тоа што сакаме да спречиме. Во ваква ситуација кога имаме преоптеретени болници дополнително комплицирање на ситуацијата која што очекуваме да се случи за време на празниците. Доколку не се почитуваат мерките како што тоа беше случај лани, нема да можеме да издржиме ниту пак ќе може добро да се изменаџира и тоа е причина зошто сега во овој период во пресрет на празниците, една недела пред почетокот на Рамазанските пости, Велигден се паѓа некаде околу 1 ви мај, сметаме дека треба таква дополнителна рестрикција за да дополнително се намали притисокот кон болниците, за да дополнително спласнат бројот на нови случаи. Денеска има околу 1200 го немаме оној пик како што го имавме минатиот вторник до крајот на викендот кога беа близу 1600, што е доказ дека и досегашните мерки даваат резултат“, истакна министерот за здравство.

Во однос на ревакцинацијата на веќе вакцинираните граѓани со Астра Зенека во соседна Србија, Филипче рече дека ќе се почека мислењето на Европската агенција за лекови, која ќе одржи состанок овој месец.

„Веќе се пријавуваат граѓани и до 75 годишна возраст иако се регрутирани списоци на граѓани и помлади од 75 ги чекаме дополнителните количини. Во однос на ставот на ЕМА, закажан е состанок на бордот за периодот помеѓу 6 и 9 април и тогаш ќе ги чекаме тие препораки. Доколку ставот е да се продолжи , дека нема никаков проблем истите ќе може да бидат ревакцинирани. Ние утрово разговаравме со српските претставници на министертсвото за здравство ги очекуваме списоците, граѓаните ќе може тука да се ревакцинираат согласно препораките. Германија даде препорака после првата вакцина на Астар Зенека, ревакцинирањето да биде со некоја друга вакциниа, но ние ќе се водиме според препораките на Европската Агенција за лекови“, рече Филипче.

Тој најави дека кон крајот на месецот се очекуваат кинеските и фајзеровите вакцини од директниот договор и од трипартетниот со Европа.

„Имаме некои најави дека некаде помеѓу 15 и 20 ќе стигнат и кинеските, фајзеровите вакцини од нашиот директен договор и од трипартетниот со Европа, тогаш кога ќе имаме конкретни датуми тогаш ќе ги соопштиме“, рече Филипче.

Г.Д